Прекини на електрична енергија во Крушево и Долнени
Регионалниот центар за управување со кризи – Прилеп информира за планирани прекини на електрична енергија во петок, 26 септември 2025 година, во дел од населените места на општините Крушево и Долнени.
🔹 Општина Крушево – од 09:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат селата Саждево, Јакреново и Белушино.
🔹 Општина Долнени – од 09:30 до 12:30 часот прекин ќе има во селата Дебреште и Лажани.
🔹 Општина Долнени – од 11:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат селата Долнени, Ропотово, Секирци, Пешталево, Црнилиште, Зрзе и Манастирот Зрзе.
Прекините се поради планирани активности во електроенергетската мрежа.



