Утре изложба „Прилепските вајари – творци како феникси“ во Прилеп

Утре, 24 септември (среда), во 13 часот, во „Лапидариумот“ на НУ Завод и Музеј – Прилеп ќе биде отворена изложбата „Прилепските вајари – творци како феникси (III-та генерација)“.



Изложбата е посветена на „генерациската љубов пренесена на поколение“ и има за цел да ја прикаже континуираната традиција на негување на скулптурата во Прилеп, град кој со децении е препознатлив по своите мајстори и уметнички дела.

Посетителите ќе имаат можност да ги видат најновите творби на младите вајари, кои го продолжуваат патот на своите претходници и внесуваат свежи пристапи во современата скулптура.

Настанот е во организација на НУ Завод и Музеј – Прилеп и претставува значаен културен настан за градот и регионот.

Слични Објави