Нови униформи за крушевските пожарникари – Општината продолжува со вложувања во ТППЕ
Пожарникарите од Крушево со нови униформи. Општина Крушево денес им додели целосно нова работна опрема на припадниците на Територијалната противпожарна единица, како дел од континуираните вложувања за унапредување на нивниот статус и подобрување на условите за работа.
„Со оваа опрема обезбедуваме поголема безбедност за нашите пожарникари, а преку тоа и за сите граѓани,“ изјави градоначалникот на Крушево Томе Христоскина при доделувањето на униформите.
Претходните години, општината обезбеди нови возила, современа опрема и реконструиран објект за противпожарната служба. Локалната власт најавува дека ќе продолжи со инвестиции насочени кон подобри услови за работа, зголемени плати и поголема ефикасност на службата при заштита на човечките животи и материјалните добра.
Со новите вложувања, Крушево ја потврдува својата посветеност кон безбедноста и поддршката на професионалните пожарникари.


