Битола блесна со празничните светилки – започнува „Зимска приказна“

Празничните светилки во Битола вечерва се запалија, означувајќи почеток на долгочекуваниот празничен фестивал „Зимска приказна“. Овој фестивал, кој ќе трае до 6 јануари, ќе биде подолг од кога било досега, а магијата веќе започна.

Со свеченото палење на празничните светилки, централните градски локации како Широк Сокак, плоштадот Магнолија, Офицерскиот дом и Старата чаршија добија нов, празничен сјај. Атмосферата на радост и заедништво ја најавуваат предстоящата програма, која ќе донесе незаборавни моменти за сите посетители.

„Огромна благодарност до сите тимови кои посветено работеа за да ја донесат оваа магија во нашиот град. Нивниот труд и креативност се срцето на блескавата „Зимска приказна“, која ќе биде незаборавно доживување за сите нас.

Целосната програма ќе биде објавена оваа недела, а граѓаните и посетителите се повикани да бидат дел од празничната магија која започна да го обогатува градот.“ изјавија од Општина Битола.

Слични Објави