„Поетско Маркукуле 2026“ на 15 и 16 август во Прилеп

Клубот на литературни творци – Прилеп и годинава ја организира манифестацијата „Поетско Маркукуле 2026“, која ќе се одржи на 15 и 16 август.

Програмата започнува на 15 август со прием на поетите и учесниците од 17:00 до 17:50 часот, по што во 18:00 часот следува свеченото отворање.

Во рамки на манифестацијата е предвидена и промоција на зборникот „Поетско Маркукуле 2026“, со почеток во 18:15 часот. Од 18:45 часот ќе се одржи претставувањето на поетите со нивни авторски песни, како и доделување благодарници и признанија.

Затворањето на манифестацијата е предвидено за 20:45 часот, а од 21:00 часот следува закуска и коктел за учесниците.

Во рамки на програмата, на 16 август, од 10:00 до 11:00 часот, е предвидена посета на автентичното место поврзано со „Поетско Маркукуле“ – Тронот кај Слонот, каде што ќе се одржат и поетски читања.

Манифестацијата ги обединува поетите и љубителите на пишаниот збор, продолжувајќи ја традицијата на поетските средби под Маркукуле.

Слични Објави