|

ЧЕТВРТООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ДЕМИР ХИСАР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНАТА

Денес, во посета на Општина Демир Хисар беа ученици од четврто одделение при ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар, каде што остварија средба со градоначалникот во неговиот работен кабинет.

Учениците, непосредно имаа прилика да се запознаат со работата на локалната самоуправа, како и со надлежностите на градоначалникот. Исто така, учениците поставуваа и прашања за идните проекти кои треба да се реализираат за развој на општината.

Градоначалникот Најдовски, со посебна чест и задоволство истакна дека, во наредниот период предвидено е да се изгради тениско и баскет игралиште, а во населбата во Демир Хисар ќе се изврши и поставување на урбана опрема, како и 5 нови игралишта на територијата на општината.

Фото Општина Демир Хисар.

Слични Објави