| |

Во Битола промовиран Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk

Во Битола денеска беше промовиран Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk, во присуство на градоначалникот Тони Коњановски и пратеничката Олга Лозановска.



Од Министерството информираа дека во изминатата година и пол бројот на корисници на порталот е дуплиран, а денес речиси 240.000 граѓани активно користат електронски услуги. Овој податок, како што беше истакнато, покажува дека дигиталните решенија сѐ повеќе стануваат дел од секојдневното функционирање на граѓаните.

Како успешен пример за дигитална услуга беше посочена и мерката со ваучерите за електронски уреди за студенти. Досега:

  • 39.000 студенти аплицирале и добиле ваучер
  • 20.800 студенти веќе набавиле нов електронски уред
    Целиот процес се реализирал целосно онлајн.

Битола останува еден од фокусите на дигиталната трансформација, а Центарот за услуги во градот бележи голема посетеност и позитивни резултати.

Надлежните најавија продолжување на соработката со Општина Битола за понатамошна дигитализација на општинските услуги, со цел тие да бидат побрзи, поедноставни и подостапни за сите граѓани.

Слични Објави