|

Одбележана ПХВ неделата на Црвен крст во Демир Хисар

Во фоајето на Домот на култура „Илинден“ во Демир Хисар денес се одржа пригодна манифестација со која Општинската организација на Црвениот крст го одбележа одржувањето на ПХВ неделата на Црвениот крст на РСМ.

ПХВ неделата е дел од традиционалниот календар на активности на Црвениот крст и има за цел промоција на хуманите вредности, културата, мирот, соживотот и толеранцијата, како и активирање и вклучување на младите во локалните клубови.

На настанот беа претставени четири проекти реализирани од младите активисти од Демир Хисар, кои добија највисоки оценки и признанија од Црвениот крст на РСМ. На сите партнери вклучени во нивната реализација им беа доделени благодарници.

Слични Објави