Пожар во прилепскиот суд брзо локализиран
Во судската зграда од Основен суд Прилеп, утрово избувнал пожар во оџакот од котларата – системот за греење. Благодарение на брзата и професионална интервенција на екипата од противпожарната служба, огнот бил навремено изгаснат, со што е спречено негово ширење и предизвикување поголема материјална штета.
Пожарот бил ставена под контрола за кратко време, а среќна околност е што нема повредени лица, ниту било каква штета врз архивата и документите на судот, изјави претставник од судот од Прилеп.
Исто така од судот потврдија дека системот за греење ќе биде проверен за евентуални дефекти, со цел да се спречат слични настани во иднина.
Противпожарната служба повторно потсети на важноста од редовно одржување на системите за греење, особено во зимскиот период.