|

Повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти

Општина Битола објави „Јавен повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општината на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2024 година.

Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.

Основни услови за доделување на финансиска поддршка на спортските клубови, спортските здруженија и спортистите во Општина Битола се:

  • – да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
  • – да го популаризираат масовниот спорт и опфатот на што повеќе млади во населените места;
  • – да ја реализираат програмата за развој на спортот;
  • – да организираат и спроведуваат систем на натпревари во одредени спортови и категории;
  • – да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри во спортот;
  • – да поттикнуваат постигнување на врвни резултати;
  • – да се грижат за унапредување на младите категори;
  • – да учествуваат во национални спортски федерации или настапуваат на натпревари од национален и меѓународен карактер;
  • – да се натпреваруваат од највисок ранг на домашни спортски првенства;
  • – своите активности и програми да ги реализираат на подрачјето на Општина Битола;

Начинот за пријавување е опишан во јавниот повик достапен на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-sport-2024/, а пријавите треба да се достават до општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.

Рокот за поднесување на пријавите започнува од 12.07.2024 година и трае заклучно со 29.07.2024 година.

Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка.

Финансиската поддршка согласно ПРОГРАМА за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2024 изнесува 1.500.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 500.000,00 денари за индивидуални спортисти.“

Слични Објави