|

Најмладите ни го разубавуваат денот! -11 новороденчиња

Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница – Прилеп објави дека во моментот се грижи за 11 новороденчиња, што е доказ за континуираната работа, ефикасноста и посветеноста на медицинскиот тим.

Големиот број новороденчиња внесува радост и надеж во просториите на одделението, кое и понатаму останува еден од клучните здравствени пунктови за мајките и новороденчињата од Прилеп и поширокиот регион.

„Најмладите ни го разубавуваат денот! Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница – Прилеп денес е исполнето со радост и живот! Грижата за 11 новороденчиња е доказ дека нашето одделение работи со полна енергија и посветеност. Им посакуваме здравје, љубов и безгрижно детство – на нив и на нивните семејства!“ Стои во известувањето од болницата.

На новороденчињата и нивните семејства им посакуваме здравје, љубов и безгрижно детство.

Слични Објави