Кривична пријава за директорка – си отворила повисока позиција за себе
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С. (53) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, М.С. во својство на директор на Националната установа „Завод и музеј“ – Битола, постапувала спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за работни односи. Таа, наводно, извршила измена на Актот за систематизација на работните места, со што го укинала сопственото работно место „виш кустос“, а наместо него отворила ново работно место „кустос советник“, кое претставува повисоко ниво од претходното.
Со ваквото постапување, според полицијата, пријавената ги пречекорила своите овластувања и постапила несовесно во извршувањето на службените должности.



