|

„Од срцата мали за делата големи“ – Детската градинка „Естреја Овадија Мара“ го прослави патрониот празник

Под мотото „Од срцата мали за делата големи“, денес во детската градинка „Естреја Овадија Мара“ беше одбележан патрониот празник. На свечената програма, која се одржа во детската градинка „Пролет“, учествуваа деца од сите девет градинки – клонови на установата, покажувајќи ги своите таленти и креативност.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој упати честитки до најмладите и до вработените во градинката, посакувајќи им убави желби за успех и напредок.

Настанот беше исполнет со песна, игра и уметнички изработки, при што децата и воспитувачите заедно ја пренесоа пораката за заедништво и љубов. Со оваа програма, градинката „Естреја Овадија Мара“ уште еднаш ја потврди својата посветеност на воспитувањето на младите генерации.

Фото – #ОпштинаБиотола

Слични Објави