Откупот на тутун е речиси завршен пред законскиот рок, од 15 јануари почнуваат преговори за нови цени
Еден месец пред законскиот рок, 28 февруари, откупот на тутунот од ланската реколта е речиси целосно завршен. Досега се откупени над 23.100 тони тутун по просечна цена од околу 420 денари за килограм, информираат надлежните.
Десетте откупни компании до Нова година ја презедоа најголемата количина од реколтата, а по празниците ќе бидат откупени и преостанатите околу 1.500 тони, со што целосно ќе се заокружи откупот за оваа година.
Со завршувањето на откупот, вниманието се насочува кон подготовките за новата реколта. Од 15 јануари се очекува да започнат преговорите за цените и договорите за претстојната производствена година.
Паралелно, најавени се и разговори за измени во Законот за тутун, при што фокусот ќе биде ставен на обезбедување порамноправно партнерство меѓу тутунопроизводителите и откупувачите.
Подготовките за новата реколта ќе започнат наскоро, а земјоделците очекуваат подобри услови и стабилност во производството.



