ИДИОТСКО „СЛАВЕЊЕ“ СО ОРУЖЈЕ – ЦРНА НОВА ГОДИНА
Идиотското „славење“ со оружје повторно ја покажа својата најмрачна страна. Двегодишно девојче е новогодишна жртва на мизерниот примитивизам што некои го нарекуваат „славење“. Наместо радост и надеж, новата година во Скопје започна со тага, болка и срам.
Пукањето во воздух не е традиција, туку варварство. Тоа не е израз на среќа, туку доказ за отсуство на разум, одговорност и елементарна човечност. Секој испукан куршум мора некаде да падне, а последиците ги плаќаат невини, најчесто оние кои најмалку можат да се заштитат.
Ова не е несреќен случај. Ова е последица на толерираниот идиотузам, институционална немоќ и општествена рамнодушност. Црната Нова година во Македонија е опомена за ИДИОТШТИНАТА КОЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРЕМОЛЧИ.



