Општина Ресен го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад

Локалниот акциски план (ЛАП) за управување со отпад се изработува со цел да се утврдат локалните политики за управување со отпадот, да се утврди опсегот на интервенциите и да се постават јасни цели со детални чекори за нивна реализација.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Со усвоениот Локалниот акциски план за управување со отпад 2024-205 година, се обезбедува континуиран, осмислен и инклузивен пристап во спроведувањето на политиките за економски, социјален, урбан и демократски развој на локално ниво во наредниот двогодишен период. Планот вклучува:

Подобрување на инфраструктурата за управување со отпадот: Инвестиции во изградба и модернизација на отпадни депонии, изградба на преработувачки центри, инфраструктура за собирање и третман на отпадот, како и воведување на напредни технологии за управување со отпадот.

Подигање на свеста и едукација: Кампањи за подигање на свеста кај граѓаните за значењето на одржливото управување со отпадот, како и образовни програми во училиштата и заедницата за промовирање на одржливи практики за управување со отпадот.

Редукција на отпадот и преработка: Мерки за намалување на производството на отпад преку промени во потрошувачките навики, рециклирање и преработка на отпадот, како и поддршка на локалните претпријатија за иновации во областа на преработката и рециклирањето.

Соработка со заедницата и другите заинтересирани страни: Активно вклучување на граѓаните, невладините организации, претпријатијата и другите заинтересирани страни во процесот на управување со отпадот, преку консултации, партнерства и соработка.

Исполнување на законските и регулаторни барања: Промоција и спроведување на законските и регулаторните барања за управување со отпадот, како и надзор и контрола над нивното спроведување.

„Во овој плански период ќе создадеме економски посилна, развојно ориентирана и инклузивна општина, способна да обезбеди сеопфатен, иновативен и одржлив локален раст, брз развој и квалитетен живот за сите. Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој. “,” истакнуваат од општина Ресен

Планот е достапен на следниот линк: Локален акциски план за управување со отпад 2024 – 2025 

Слични Објави