Општина Прилеп одвои 2 000 000 денари за ООУ „Кирил и Методиј“ Канатларци – училиште пример за соживот
За подобрување на условите односно за партерно уреденување на дворот во ООУ „Кирил и Методиј“ во Канатларци, Општина Прилеп одвои 2 000 000 денари. Училиштето Кирил и Методиј во Канатларци е пример за соживот каде што наставата се одвива и на македонски и на турски наставен јазик.
При денешната посета на ООУ „Кирил и Методиј“ во Канатларци, градоначалникот Борче Јовчески истакна „Во пресрет на утрешниот голем државен празник 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, им го честитав патрониот празник на присутните и им посакав многу успех во учењето на сите ученици и во работата на целокупниот наставен кадар и на сите вработени.
Честитајќи го овој празник се сеќаваме на големите македонски просветители кои што ни го подарија најголемото богатство, писменоста.
Ликот и делото на основачите на првата словенска азбука-глаголицата, е нераскинлив дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. Поддршката на Локалната самоуправа ќе продолжи се со цел континуирано да ги подобруваме условите за работа и за настава во ова наше училиште. Доказ за тоа е денеска презентираниот и успешно завршен проект за партерно уредување на дворот и навистина сме горди на таквите проекти.“
Фото: Општина Прилеп