НОВО УЧИЛИШТЕ ВО БУКОВСКИ ЛИВАДИ – СЕ ПОДГОТВУВА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Во населбата Буковски ливади во Битола се подготвува проектната документација за реконструкција на објект кој ќе биде адаптиран во ново основно училиште, со што ќе се создадат подобри услови за образование на децата од оваа населба.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со директорката на Основното училиште „Коле Канински“, Дијана Христовска, денес извршија увид на локацијата во населбата Буковски ливади, каде ќе биде реконструиран објектот кој ќе претставува нова училишна зграда во населбата.

Во предлог решението кое се ревидира, предвидени се 5 училници, влезен хол со пропратни содржини, рампа за лица со попреченост, санитарни, помошни простории, заеднички простории за социјализација и мала библиотека. Вкупната површина на објектот изнесува 500 м², а во моментот во тек е изработката на проектот, по што ќе следува одобрение за реконструкција.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека, општинската администрација, активно работи на комплетирање на проектната документација, се со цел обезбедување на современи и адекватни услови за образование на учениците од оваа населба.

Слични Објави