Обновени клупите во Паркот на револуцијата – Могила, следува и нивно бојадисување

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека деновиве се извршува санација на клупите во Паркот на револуцијата – Могила.

Како што соопшти претпријатието, извршена е замена на искршените и откорнати дрвени штафни на клупите, а во следниот период ќе следува и нивно бојадисување со цел подобрување на изгледот и функционалноста на урбаниот простор.

Од ЈКП „Комуналец“ упатуваат апел до посетителите на паркот да бидат внимателни, бидејќи за време на изведувањето на оперативните активности клупите се прописно обележани.

Активностите се дел од тековното одржување на јавните површини и подобрување на условите за престој на граѓаните во еден од најпосетуваните паркови во Прилеп

Слични Објави