ОПШТИНА ПРИЛЕП ОБЈАВУВА – ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, ПРОФЕСИОНАЛНИ СПОРТСКИ КЛУБОВИ, ЗДРУЖЕНИЈА И ФОНДАЦИИ

Врз основа на член 4 од Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финасиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија и фондации Бр.09-280/3 од 11.01.2024 година , Општина Прилеп објавува:

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Ј А В Е Н   П О В И К  бр. 01/2024

За прибирање на барања за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, клтурниот и општествениот живот.

Се повикуваат сите спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, клтурниот и општествениот живот, барањата со комплетната документација да ги достават до Општина Прилеп во предвидениот рок.

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, културниот и општествениот живот ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финасиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија и фондации Бр.09-280/3 од 11.01.2024г

Спортските клубови и професионалните спортски клубови треба да достават:

Задолжителна документација потребна за аплицирање на спортските клубови:

  • Формулар за аплицирање
  • Нова тековна состојба од клубот;
  • Доказ дека се обезбедени соодветни објекти, опрема и стучен кадар;
  • Потврда од соодветната спортска федерација во која категорија апликантот учествува (супер лига, прва лига, втора лига, трета лига, општинска лига, младинска лига, кадетска лига, пионери) и времетраењето на учеството на клубот во соодветната федерација;
  • Потврда од клубот дали наплаќа/ не наплаќа чланарина;
  • Годишна програма за работа и финкционирањето на спортскиот клуб, односно здружението;
  • Постигнати резултати, успеси;
  • Детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата/ проект (број на ангажирани лица, опис на трошоците по позиции);
  • Извешај за потрошените средства добиени од Општина Прилеп за претходната година;
  • Информација каде и во кои спортски сали и/или спортски терени го извршуваат тренажниот и натпреварувачкиот процес за изминатите три години;
  • Прилози, фотографии, награди.

Задолжителна документација потребна за аплицирање на здруженија и фондации :

  • Формулар за аплицирање
  • Нова тековна состојба од здруженијата и фондациите
  • Годишна програма за работа и функционирање на здружението и фондацијата;
  • Предлог- проект со кој ќе се развива културниот и опшествениот живот Општина Прилеп;
  • Извешај за потрошените средства добиени од Општина Прилеп за претходната година;
  • Детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата/проект (број на ангажирани лица, опис на останати трошоците по позиции).

Формуларот за палицирање со целокупната документација се доставува до Општина Прилеп на адреса Прилепски бранители бр.1, 7500 Прилеп преку пошта или преку архивата на Општина Прилеп (се доставуваат во приемното одделение на општината).

На ковертот со пријавата и целокупната документација треба да има назнака – За јавен повик бр. 01/2024 за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, клтурниот и општествениот живот.

Датум на објавување на јавниот повик: 12.01 2024 год.

Краен рок за доставување на пријавите: 12.02. 2024 год.

Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Градоначалникот на Општина Прилеп, ќе склучи Договор за регулирање на меѓусебните права и обрски на општината со спортските клубови, професионалните спортски клубови, здруженијата и фондациите корисници на финансиските средства.

Лице за контакт за подетални информации, секој работен ден од 10-15 часот:

  • Гоце Бојкоски – 075 770 600

                                                                            Општина Прилеп

                                                                            Градоначалник

                                                                             Борче Јовчески

                                                                               —————-

Јавен повик 2024

ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ за Јавен повик за Спортски клубови 2024

ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ за Јавен повик за Здруженија и Фондации 2024

Правилник за утврдување на критериумите

Слични Објави