(ВИДЕО) Крушево блеска со детска радост: Скалите претворени во пијано за Тоше
Крушево денес дише со детска искреност и креативност! Во рамки на настанот „Пиано за Тоше“, најмладите – учениците од основното училиште – ја обоија градската скала во бела и црна боја, симболично создавајќи пијано кое нè потсетува на музиката и делото на Тоше Проески.






Овој прекрасен гест е доказ дека љубовта и сеќавањето за Тоше живеат во сите генерации. Децата, со својата чистота и енергија, испратија најсилна порака – дека Тоше и понатаму инспирира да градиме добрина, хуманост и единство.
Благодарност до наставниците, учениците и сите кои помогнаа оваа уметничка порака да стане дел од нашето Крушево.




