Голем шумски пожар во Мариово
Голем шумски пожар синоќа е забележан помеѓу македонските села Маково, Чаниште и Бонче. Од Центарот за управување со кризи велат дека се запознати со ситуацијата.
– Се работи за непристапен терен и нема пат ниту за теренски возила, ТППЕ Битола реагира во согласност со можностите. Од утрово на ТППЕ Битола треба да и се приклучат и екипи на ЈП Национални шуми.
Инаку пожарот на Google maps е означен со помош на извештаи од сателити, што овозможува поедноставено следење и контрола на движењето на огнот.



