ФИСКАЛНАТА ТРАНСПАРЕТНОСТ ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ
Трошењето на јавните пари секогаш мора да биде на увид на граѓаните. Секоја јавна институција е со закон обврзана да биде транспарентно и отчетна за секој проект. Од јавните набавјки, до нивна реализација. Кога, како, колку за секој денар потрошен од буџетската каса.
Со транспарентното известување институциите ја зголемуваат довербата на граѓаните, што е особено важно, затоа што тие го полнат буџетот. Секој еден кој придонесува со плаќањето на даноците, кога е добро информиран како се трошат јавните пари, нема да размислува како да избегне дел од своите обврски.
Транспартени институции водат кон создавање на одговорни даночни обврзници, а со тоа и полесно проектирање на буџетот, а поголема обемност.
Колку поголем буџет, толку побрзо ќе се развива една општина.