ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА ДОЛНЕНИ, ЌЕ ИСПРАЌААТ ПРЕДЛОЗИ ПО ПОШТА И Е-МАИЛ
Во периодот кога се подготвуваат општинскиот буџет за наредната 2025 година, се конципираат програмите, се определуваат приоритетите и проектите, па и општина Долнени повикувајќи се на транспарентноста и отчетноста во својата работа, во креирањето на буџетот за 2025 година ги повикува своите жители да земат учествуво во креирањето на буџетот.
Општина Долнени објави повик до сите жители, месни заедници и здруженија на граѓани, да ги испратат своите идеи, предлози и проекти, како би се вклучиле во креирањето на општинскиот буџет за 2025 година.
Програмите и предлозите може да се доставуваaт на меил info@opstinadolneni.gov.mk или во хартиена формаво архивата на општината најдоцна до 16. Ноември.