|

Изложба и предавање за традиционалното кинеско сликарство – Културна размена и пријателство меѓу народите

Денеска во НУЦК Марко Цепенков се одржа изложбата и предавањето за Кинеското традиционално сликарство, организирано од страна на Институтот “Конфуциј”.

Во рамки на настанот, уметникот Гао Ши одржа предавање за посетиителите, при што ги запозна со основните принципи и техники на оваа древна уметност. Покрај предавањето, Гао Ши твореше на лице место, што им овозможи на присутните да се запознаат директно со процесот на создавање кинеска слика. На изложбата беа претставени слики кои ги илустрираат традиционалните стилови и мотиви на кинеското сликарство, истовремено давајќи уникатен увид во културното наследство на Кина.

Културната размена е основа за зближување и подобро разбирање меѓу народите, а ваквите настани се вистински пример за негување на меѓународната соработка и пријателство. Преку традиционалното сликарство, Кина ни ја пренесува својата богата културна и историска ризница, која сведочи за еден длабок и континуиран цивилизациски развој.

„Соработката меѓу Општина Прилеп, Кинескиот институт, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и кинеската амбасада е сведоштво за силните врски меѓу нашите две земји и желбата за продлабочување на нашите односи. Искрено верувам дека оваа изложба ќе биде само еден од многуте чекори во таа насока.

На професорот Гао Ши му изразуваме благодарност што денес е дел од нашиот град и што ни ја доближува уметноста која носи автентична порака од неговата земја.“ изјави градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески

Нека оваа изложба биде симбол на нашата заложба за почитување на различностите и градење мостови на пријателство.

Слични Објави