Учествувај во донесување на Буџетот за 2025 година
Граѓаните мора да знаат како и за што се трошат нивните пари, но исто така треба да знаат и за проектите што се планираат да се реализираат во наредната година со буџетски пари.
Во периодот кога се подготвуваат општинскиот буџет за наредната 2025 година, се конципираат програмите, се определуваат приоритетите и проектите, па и општина Новаци повикувајќи се на транспарентноста и отчетноста во својата работа, во креирањето на буџетот за 2025 година ги повикува своите жители да земат учествуво во креирањето на буџетот.
„Учествувај во донесување на Буџетот за 2025 година“ стои во повикот објавен на општинската веб страна.
„Почитувани жители, секој ваш предлог или идеја кои сметате дека треба да бидат реализирани наредна 2025 година, можете да ни ги пратите преку контакт формата подолу. Нашите служби ќе ги разгледаат сите ваши предлози и доколку се реално остварливи, истите ќе бидат предвидени во новиот Буџет. Заедно да ја направиме Општина Новаци поубаво место за живеење.“
На следниот линк може да ги поднесете вашите предлози во електронска форма
Со посветена работа и континуиран дијалог со жителите од сите населени места во општината, проблемите можат да се надминат и да се решат.