| |

Нови поскапувања во Битола: ѓубретарина, зеленило и гробишта со повисоки цени

Советот на Општина Битола денеска изгласа зголемување на цените за повеќе комунални услуги – ѓубретарина, јавно зеленило, гробно место и одржување на гробиштата.



Пред гласањето, градоначалникот го образложи предлогот со тоа што дел од овие услуги не биле покачени со децении, додека трошоците на јавните претпријатија континуирано растеле. Според него, зголемувањето на цените било неопходно за да се обезбедат средства за модернизација, набавка на нова механизација и одржување на комуналните системи.

Предлогот беше изгласан од владејачкото мнозинство во Советот, додека советниците од опозицијата не го поддржаа. Тие реагираа дека недомаќинското и неефикасно работење на јавните претпријатија не смее да се покрива со нов товар врз грбот на граѓаните.

Поскaпувањата се однесуваат на услуги што се основни за секојдневниот живот – од собирање отпад до погребални услуги – и доаѓаат во период кога трошоците за живот веќе растат, што дополнително го зголемува притисокот врз домашните буџети.

Слични Објави