77-годишен виничанец измамен од лажен лекар – одземени над 430 илјади денари
77-годишен жител на Виница пријавил во ОВР Виница дека бил измамен за сума од над 430.000 денари од лице кое лажно се претставило како лекар.
Според пријавата, на 8 јануари 2026 година околу 17:30 часот, лицето добило телефонски повик од непознато лице кое му соопштило дека неговата ќерка наводно била хоспитализирана поради скршеница на нога и дека била потребна итна хируршка интервенција со вградување на шипки.
Лажниот лекар побарал пари за наводната операција, по што оштетениот, верувајќи во кажаното, во неколку наврати ги однел парите на договорено место.
Подоцна, откако се вратил дома и остварил контакт со својата ќерка, сфатил дека станува збор за измама.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.



