|

Казни до 6.000 евра – Нови правила од ЗЕЛС за чисти општини

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, повикува на значително зголемување на глобите за прекршувања како создавање диви депонии, со цел поефикасно справување со овој проблем. Во моментов, глобите се движат од 50 до 200 евра, но се предлага минималната глоба да се зголеми од 4.000 до 6.000 евра. Дополнително, се предлага општинските служби да добијат овластување да запленуваат возила користени при вакви прекршоци, што потоа би се предавале на Министерството за внатрешни работи.

„Веќе имавме средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а во текот на утрешниот ден имаме координативен состанок каде меѓу останатите точки ќе го разговараме и ова и верувам дека во скора иднина ќе биде донесено и тоа законско решение. Инициравме и промена на глобите коишто во моментов се минимални, изнесуваат од 50 до 200 евра. Ние бараме минималната глоба, особено за оние создавачи на диви депонии да биде од 4 до 6 илјади евра и да постои можност службите од општината да го запленат и возилото па подоцна да си биде предадено на МВР“ рече Ѓорѓиевски.

Оваа иницијатива, заедно со останатите измени во законот за комунална полиција, се очекува да добие широка поддршка и да придонесе кон поголема одговорност и почитување на правилата во локалните заедници

Слични Објави