|

Не биди трупец – засади дрво!

Сина Револуција ги повикува сите компании, граѓани, здруженија и институции да се вклучат во акцијата за пошумување „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во недела, (10.11.2024 од 10.00 – 15.00 часот) кај селото Прилепец, во близина на манастирот Свети Никола во општина Прилеп, со цел одбележување на Светскиот ден на лицата со дијабетес.

КАКО МОЖЕТЕ ДА ПОМОГНЕТЕ?

💙Донирајте средства или услуги: Вашите донации ќе се искористат за набавка на садници, грижа за новопосадените дрвjа и за логистика поврзана со акцијата. Донирањето е можност за директен придонес кон позелена иднина.

🌳Волонтирајте: Ако не можете да донирате финансиски, вашиот труд и време се подеднакво вредни. Дојдете, волонтирајте и учествувајте во засадувањето на дрвјата. Вашата помош е клучна за успешна реализација на оваа акција. За секој волонтер имаме обезбедено оброк и организиран превоз од центарот на Прилеп.

📫Ширете ја пораката: Помогнете да ја прошириме веста за акцијата. Споделете го нашиот повик со пријателите, семејството и колегите или онлине преку фан страната на нашата организација.

„Придружете ни се и помогнете да го одбележиме овој ден како симбол на заедништво, здравје и љубов кон природата. Секое засадено дрво е чекор кон почиста и поздрава средина, а секој придонес е важен!“

Слични Објави