|

Започна изградбата на потпорен ѕид на улицата „Прохор Пчински“ во населбата Рид во Прилеп

Локалната самоуправа на Прилеп започна со градежни активности за изградба на потпорен ѕид на улицата „Прохор Пчински“ во населбата Рид, со што се решава долгогодишен инфраструктурен проблем кој со години ги загрозуваше домовите и безбедноста на жителите од овој дел на градот. Станува збор за локација со нестабилен терен, каде постоеше реална опасност од одрони, што ги изложуваше граѓаните на потенцијални ризици. Со новиот зафат, се очекува значително подобрување на стабилноста на теренот и зголемена сигурност за жителите.

Од Општина Прилеп информираат дека изградбата на потпорниот ѕид е дел од пошироката стратегија за унапредување на локалната инфраструктура, со цел создавање подобри услови за живеење и поголема безбедност на населението. „Остануваме посветени на инвестиции во трајни решенија кои го подобруваат квалитетот на живот на сите наши сограѓани“, порачуваат од локалната власт. Изведбата на проектот се очекува да заврши во наредните недели, зависно од временските услови.

Слични Објави