|

Настан “Помош и нега во домот за стари лица и лица со попреченост-предизвици и придобивки”-професионална помош и поддршка за 200 корисници

Денес во ресторан Лаки – Прилеп се одржа настан “Помош и нега во домот за стари лица и лица со попреченост-предизвици и придобивки” во организација на Здружението Центар за развој и едукација Прилеп.

На настанот беа споделени предизвиците од давањето на услугата Помош и нега во домот на територијата на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, како и важноста од градењето на силни партнества со општините и институциите за воспоставување на квалитетни и одржливи социјални услуги кои ќе донесат придобивки за целата заедница.

Исто така беа споделени искуствата и предизвиците со кои се сочува Здружението Центар за развој и едукација Прилеп – лиценциран давател на социјалната услуга Помош и нега во домот со која се обезбедува помош и поддршка за независно живеење за лица со попреченост и намалена функсицонална способност на територијата на општините Кривогаштани, Долнени и Прилеп.

На настанот беа присутни претставници од Центарот за социјални работи, Светска Банка, Министерство за труд и социјала, Градоначалниците на Прилеп, Битола и Кривогаштани на кои им беа доделени и благодарници.

Исто така беа присутни и 58 обучени и сертифицирани негуватели и медицински сестри кои обезбедуваат квалитетна и професионална помош и поддршка за над 200 корисници да ја одржуваат способноста самите да се грижат за себе, за да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

Воспоставувањето и обезбедувањето на услугата Помош и нега во домот се овозможува со соработка и поддршка од Проектот за подобрување на социјалните услуги, општините и Меѓуопштинскиот ценатр за социјална работа Прилеп со цел да дадеме заеднички придонес за спроведување на успешна социјална реформа каде заедно градиме општество каде секој еден е важен.

Се надеваме дека во иднина ќе се зголеми бројот на обучени и сертифицирани негуватели и медицински сестри а секако и задоволни корисници. Истакна претседетелката Марина Тодороска.

Слични Објави