„Симфонија“ – нов роман на писателката Билјана Тинтоска
На 14. Мај во холот на училиштето „Ѓорче Петров“ – Прилеп, се одржа промоцијата на на четвртиот роман на писателката Билјана Тинтоска, со наслов „Симфонија“
Тоа што може да се издвои е, дека беше промоција која што предизвика голем интерес кај љубителите на пишаниот збор и холот на училиштето беше преполн. Ученици, колеги, бивши ученици на писателката, која што е и професор по македонски јазик и литература.
Романот зборува за најголемата болка што може да ја почувствува еден човек, една мајка, а тоа е да го загуби своето чедо. Зборува за болката, борбата со неа и учењето како да се живее со неа. Го раскажува патот на реоткривање на смислата на животот, иако според главниот лик и нејзините вредности, пренесени од баба и, смислата ја има уште од најмали нозе, а тоа е патот кон Бога.
– Романот ја допира поврзаноста на човекот со своите предци. Сите носиме духовно наследство. Лошото треба да го надминуваме и поправаме, а доброто треба да го надградуваме. Човекот не почнува од нула – вели авторката.