| | |

Општина Демир Хисар аплицира со нови инфраструктурни проекти

Општина Демир Хисар, аплицира со 7 нови инфраструктурни проекти, на вториот јавен повик објавен од страна на Министерството за локална смоуправа: Реконструкција на локален пат Демир Хисар – Вардино, реконструкција на локален пат Рег. пат – Жван, реконструкција на 2 улици во Стругово, реконструкција на 2 улици во Загориче, реконструкција на улица во Сладуево, реконструкција на улица во Смилево и изградба на улица во Бараково.

Заедно со првиот повик, каде што Општина Демир Хисар аплицираше со 3 проекти и тоа: реконструкција на 2 улици во Белче, реконструкција на улица во Единаковци и изградба на спортски терени за тенис и баскет во Демир Хисар.

Во периодот што следи, ќе се реализираат инфраструктурни проекти со вредност од 1.3 милиони евра.

Слични Објави