|

Д-р Златко Јаков се враќа по 11 години од Германија – Прилеп добива исклучителен хирург

Специјалист-хирург д-р Златко Јаков, по долгогодишно искуство во Германија, се враќа во родниот град за да продолжи со својата медицинска пракса во прилепската болница. Д-р Јаков, кој има преку 20 години искуство, работел во Прилеп во првите 10 години од својата кариера, а последните 11 години поминал во Германија, стекнувајќи вредно меѓународно знаење и вештини.

Враќањето на д-р Јаков се очекува да донесе значајни подобрувања во здравствениот систем на Прилеп, бидејќи тој е познат по своите врвни медицински способности и посветеност на пациентите. Неговото враќање ќе овозможи на граѓаните на Прилеп и околината да добијат висококвалитетна медицинска грижа блиску до дома.

„Со големо задоволство ја споделуваме веста дека денес, специјалист хирург д-р Златко Јаков официјално потпиша договор за работа во нашата болница. Д-р Јаков, кој има долгогодишно работно искуство и зад себе успешна кариера во Македонија и Германија, реши да ја продолжи својата професионална приказна токму во својот роден град.

Д-р Јаков е врвен хирург со повеќе од две децении искуство. Првите 10 години од својата кариера ги помина работејќи во Прилеп, а потоа следните 11 години ги посвети на работа во Германија, каде што стекна огромно искуство и знаење. Со својата посветеност и професионализам, тој се докажа како еден од најдобрите хирурзи, а сега се враќа дома за да го сподели своето знаење и да помогне на своите сограѓани.“ изјавија од ЈЗУ Борка Талески, Прилеп.

Слични Објави