„Мото фест Преспа 2025“ – Втора година по ред – повеќе мотори, повеќе музика, повеќе посетители
Втора година по ред, во срцето на Преспа, се одржа настанот „Мото фест Преспа 2025“ – викенд исполнет со рев на мотори, рок музика и несекојдневна дружба. Настанот собра голем број моторџии, љубители на олдтајмери и ентузијасти од целата држава, но и гости од соседните земји.




Со својот шарм и енергија, „Мото фестот“ полека, но сигурно, се претвора во нова преспанска традиција. Посетителите уживаа во живите настапи на бендови, изложбите на мотори и автентичната атмосфера која владееше во текот на целиот настан.
Организаторите упатија благодарност до сите учесници, излагачи, музичари и гости кои придонесоа настанот да изгледа и да се почувствува токму онака како што и беше – незаборавно. Преспа уште еднаш покажа дека знае да биде домаќин на вистински фестивалски дух.



