|

Апел за помош за семејство од Лажани чиј дом изгоре во пожар



Домот на Даил и Сафет од село Лажани целосно изгоре во пожар, по што семејството остана без покрив над глава и без основни услови за живот.

Станува збор за тешка несреќа која го погоди семејството и ја отвори потребата од итна хуманитарна поддршка. Поради тоа се упатува апел до жителите на Лажани, соседните населени места, граѓаните од целата држава, како и до македонската дијаспора во странство, да помогнат во рамки на своите можности.

Помош може да се обезбеди преку донации во финансиски средства, градежен материјал или друга форма на поддршка која ќе придонесе за обновување на домот и обезбедување основни услови за живот.

Сите кои сакаат да помогнат можат да се обратат кај контакт лицето:
Даил Бекироски – 070 653 822

Слични Објави