(видео) Центар за активно стареење за лицата над 65 години
Центарот за дневен престој за стари лица со активно стареење веќе трет месец е достапен за лицата над 65 години од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.
Корисниците секојдневно учествуваат во активности за социјализација, подобрување на меморијата и концентрацијата, како и физички вежби приспособени за лица од третата доба.
Во Центарот се организираат и работилници, логички и мемориски игри, а достапни се и услуги од медицинска сестра, физиотерапевтски третмани и вежби за рамнотежа.
Целта е повозрасните лица да останат активни, здрави и вклучени во заедницата, користејќи го своето богато животно и работно искуство.


