„Strange Cousins“ со трибјут на Џими Хендрикс пред Камената бина
Во рамки на манифестацијата „Од 0 до култура“, љубителите на рок-музиката во четврток ќе имаат можност да уживаат во концерт на прилепскиот бенд „Strange Cousins“, кој ќе одржи музичка посвета на легендарниот рок-музичар и гитарист Џими Хендрикс.
Концертот ќе се одржи пред Камената бина во Прилеп, со почеток во 21 часот. Публиката ќе има можност да слушне дел од најпознатите композиции на Хендрикс, меѓу кои „Voodoo Child“, „Purple Haze“ и „All Along the Watchtower“, како и други безвременски рок-класици.
„Strange Cousins“ е прилепски состав кој изведува classic и alternative rock преработки и претставува продолжение на проектот „Voodoo Blokes“, кој минатата година настапи на Камената бина со репертоар инспириран од The Prodigy.
По трибјут-сетот посветен на Џими Хендрикс, концертот ќе продолжи со редовниот репертоар на бендот, составен од познати рок-хитови.
Бендот го сочинуваат Илија Чакароски (гитара и вокал), Дамјан Ристески (тапани и вокал) и Филип Ристески (бас-гитара и вокал).


