Одржано општинското првенство во шах за основните училишта во Прилеп

Вчера во ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп се одржа Општинското првенство во шах за основните училишта од нашата општина, на кое учествуваа педесетина ученици кои ги демонстрираа своите шаховски знаења и вештини. Натпреварите се одвиваа во две категории – екипно од 1–5 одделение и екипно од 6–9 одделение.



На првенството учествуваа следните училишта:

  • ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп
  • ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп
  • ООУ „Рампо Левката“ – Прилеп
  • ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп
  • ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп
  • ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп

Резултати по категории

Категорија 1–5 одделение:

  1. ООУ „Климент Охридски“
  2. ООУ „Кочо Рацин“
  3. ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“

Категорија 6–9 одделение:

  1. ООУ „Гоце Делчев“ – прва екипна победа во оваа категорија
  2. ООУ „Кочо Рацин“ – минатогодишни шампиони
  3. ООУ „Климент Охридски“

Првенството помина во одлична атмосфера, исполнета со позитивна енергија, дружење и фер игра помеѓу младите шахисти. Настанот уште еднаш ја потврди важноста на шахот како спорт кој ги развива логиката, концентрацијата и натпреварувачкиот дух кај учениците.

Организатори на првенството беа Сојузот на училишен спорт на Општина Прилеп и Шаховски клуб „Прилеп“.

Слични Објави