Меѓународен меморијален турнир „Илија Карески“ 2026 во Прилеп

Од 28 февруари до 1 март 2026 година, во спортската сала на ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп ќе се одржи Меѓународниот меморијален турнир „Илија Карески“, во организација на Пингпонгарски клуб Младост 96, со поддршка од Пингпонгарска федерација на Македонија и Општина Прилеп



Турнирот ќе се игра во повеќе возрасни категории:

  • Млади кадети (до 13 години)
  • Кадети (до 15 години)
  • Младинци (до 19 години)
  • Сениори апсолутна
  • Ветерани (40–49 години)
  • Ветерани (50–64 години)
  • Ветерани (65+ години)

Награден фонд

Сениори:

  • 1 место – 120 евра
  • 2 место – 80 евра
  • 3 место – 50 евра
  • 5–8 место – 25 евра

Сениорки:

  • 1 место – 60 евра
  • 2 место – 40 евра
  • 3 место – 25 евра

Со натпреврувачи од повеќе земји, Прилеп повторно ќе биде домаќин на силен меѓународен пингпонгарски настан, кој има за цел да ја негува спортската традиција и меѓународната соработка во пинг-понгот.

Слични Објави