| | |

Маките на Крали Марко: Ова не е ноќен клуб!

Според Правилникот за мерки за заштита од пожари, екплозии и опасни материи на ДЗС. насоките за безбедно организирање на масовни собири се јавни: Мерки кои ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се почитуваат.

III. МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ ЗА
ОБЈЕКТИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Член 19
Мерките за објекти од јавен карактер се однесуваат на сите видови јавни објекти во кои
поголем број лица вршат некоја дејност редовно или повремено и во кои можат да
престојуваат подолго или покусо време и други лица (вработени, гледачи, купувачи,
посетители, патници, болни лица, ученици, студенти, спортисти), и тоа за:

  • градби за потребите на државните органи и агенциите и фондовите основани од
    Република Северна Македонија, градби за потребите на правни лица во целосна или
    доминантна сопственост на Република Северна Македонија, градби за дипломатски и
    конзуларни претставништва и меѓународни организации, градби за потребите на
    граничните премини, градби за потребите на органите на општините, општините во
    градот Скопје и градот Скопје, градби за противпожарна заштита, детски градинки (во
    натамошниот текст: административно-деловни објекти);
  • градби наменети за терцијална здравствена заштита, (клиники, клинички центри,
    институти, заводи за здравствена заштита и специјална консултативна и болничка
    здравствена заштита), градби наменети за примарна и секундарна заштита, (општи
    болници, центри за рехабилитација, заводи за здравствена заштита, здравствени станици и
    здравствени домови) и градби за ветеринарна заштита (во натамошниот текст: градби
    наменети за здравствена заштита);
  • градби за масовни приредби, (градби од областа на културата, национални установи
    од областа на културата, театри, опери, кина, концертни сали, стадиони и спортски сали со
    капацитет под 10.000 гледачи, стадиони и спортски сали со капацитет над 10.000 гледачи,
    ноќни локали, дискотеки, сали за конференции, сали за игранки и забава, зоолошки
    градини, и сите останати градби кои се наменети за голем број на посетители), (во
    натамошниот текст: градби за масовни приредби);
  • градби наменети за изложување и чување на поставки, (градби кои претставуваат
    заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, поединечни добра,
    споменички целини без контактните зони меморијални споменици, археолошки
    локалитети, изложбени салони, саемски објекти, музејските и архивските депоа,
    одделенијата за конзервација, библиотеки, центри за документација), (во натамошниот
    текст: градби наменети за изложување и чување на поставки);
  • градби за угостителство, (ресторани, слаткарници, сл. градби во кои се послужува
    храна), (во натамошниот текст: угостителски градби);
  • туристички развојни зони и градбите во овие зони, (хотели, рекреативни центри,
    градби во подрачје на национални паркови и парк шуми, автокампови и градби за
    потребите на автокампови, мотели, кои служат за времен престој на гости), (во
    натамошниот текст: градби наменети за туризам);
  • базени на ниво на теренот за јавна употреба, сауни, јавни бањи и други објекти
    наменети за лекување и рехабилитација, (во натамошниот текст: базени, сауни и јавни
    бањи);
  • градби за високо образование (универзитети, факултети, академии и високи стручни
    школи), градби за научно-истражувачката дејност, опсерватории, градби наменети за
    основно и средно образование, градби за предучилишна возраст, (во натамошниот текст:
    градби за предучилишна возраст и образование);
  • стопански градби, деловни градби, станбено-деловни градби, градби за потребите на
    агроберзи, трговски центри, градби за мало стопанство (продавници, самопослуги,
    супермаркети, хипермаркети, стоковни куќи, трговски центри, пазари), (во натамошниот
    текст: градби за стопанството);
  • градби за потребите на верските заедници, со придружни содржини, градби за вршење
    на верски и други обреди, (во натамошниот текст: градби од верски карактер).
  • останати градби од јавен карактер: придружно услужни објекти на државни патишта
    утврдени со закон, придружно услужни објекти на општински патишта и улици утврдени
    со закон, железнички станици на железнички пруги, аеродроми, објекти на езерски и
    речни пристаништа, меѓуградски автобуски станици, катни гаражи, придружни објекти на
    жичари, (во понатамошниот текст: останати градби од јавен карактер).
  • градби за колективно домување.

Целосниот правилник на следниот линк

Слични Објави