|

Македонското Овчарско Куче КАРАМАН официјално признаено како автентична македонска раса на куче

Расата е признаена од страна на Fédération Cynologique Internationale под името Македонски овчар – Караман (Macedonian Shepherd Dog – Karaman). Признанието дојде по иницијатива на Кинолошкиот сојуз на Македонија, кој со години работеше на стандардизација и меѓународна верификација на расата.



Караман официјално е признаен како автентична македонска раса на куче. Одлуката на Меѓународната кинолошка федерација е донесена врз основа на евалуација на генетските карактеристики, стандардите и историските извори кои потврдуваат дека расата со векови е присутна на македонската територија.

Ова куче е познато по својата издржливост, интелигенција и силно изразен заштитнички инстинкт, а традиционално се користело како чувар на стада и домови, особено во руралните и планинските предели. Признавањето на Караман претставува значаен чекор за македонската кинологија, но и за зачувување на националното културно и биолошко наследство

За тоа објавија на својата официјална ФБ страна:

„Со задоволство би сакале да ве информираме дека на поднесената апликација од Кинолошкиот Сојуз на Република Македонија, во соработка со Кинолошкиот Клуб за Македонско Овчарско Куче Караман, Светската Кинолошка Федерација FCI одговори позитивно со што Македонија се здоби со нејзината втора раса овчарско куче воедно прва само Македонска раса.
Од 11.02.2026 год Македонското Овчарско Куче КАРАМАН беше примено во семејтвото на расни кучиња при FCI како условно призната раса.
КСМ изразува благодарност до сите инволвирани во 25 годишниот процес и Честитки до сите македонски кинолози, “ стои во објавата.

Слични Објави