|

Матурантите од „Порака Прилеп“ блеснаа на црвениот тепих – Night to Shine – вечер кога сите се ѕвезди

Корисниците на здружението „Порака Прилеп“, во придружба на своите родители, на 13 февруари беа дел од инклузивната матура во Ресен, организирана во рамки на иницијативата Night to Shine.

Настанот беше исполнет со емоции, радост и искрени насмевки, а матурантите со својата уникатност и позитивна енергија вистински блеснаа на црвениот тепих. Во свечена атмосфера, тие уживаа во музиката, танцот и вниманието, чувствувајќи се како вистински ѕвезди на вечерта.

Инклузивната матура претставува посебно искуство кое ќе остане запаметено како спомен за цел живот – не само за младите учесници, туку и за нивните семејства и сите присутни.

Од „Порака Прилеп“ упатија благодарност до сите кои придонесоа за реализацијата на овој настан и ја направија вечерта исполнета со убавина, поддршка и инклузија, испраќајќи силна порака дека секој заслужува внимание, почит и можност да блесне.

Night to Shine е светски пром-стил настан, спонзориран од Tim Tebow Foundation, кој се одржува секоја година во февруари и е наменет за лица со посебни потреби (возрасни и тинејџери над 14 години). Тоа е незаборавно пром-искуство каде учесниците се третираат како кралеви и кралици — ги дочекуваат на црвен тепих, им се нуди вечера, музика, танц, професионални фотографии, корони/тинари, а главната цел е да се празнува нивната вредност и уникатност. Настанот го организираат локални цркви и волонтери ширум светот и се одржува во исто време на различни локации, обично на петокот пред Денот на вљубените.

Фото – ФБ на здружени „Порака Прилеп“

Слични Објави