Магла на Плетвар, зимски услови на патиштата низ цела Македонија

Поради појава на магла, намалена видливост утрово е регистрирана на повеќе делови од државата. На планинскиот превој Плетвар видливоста изнесува до 50 метри, додека во Тетово до 100 метри, во Струмица до 80 метри, а во Делчево до 100 метри, информира ЈП „Македонија пат“.



Од претпријатието посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.

На граничните премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поради врнежи од снег на одредени делови од земјата, надлежните апелираат на зголемена внимателност при возење.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ и Министерството за транспорт се на терен и вршат координирани активности за одржување на патиштата и обезбедување на безбедно одвивање на сообраќајот.

Возачите се повикуваат на совесно управување, задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината на условите на патот, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои опасност од одрони.

Посебно внимание се препорачува на следните патни правци:
Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични Објави