|

Насмевки, надеж и топлина за најмалите – Детската амбасада за сите деца во светот во посета на Детското одделение

По повод празникот Василица, Детската амбасада за сите деца во светот ја продолжи својата хумана традиција и го посети Детското одделение при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност.



Со искрени желби оваа година да помине без болни дечиња, а на оние кои моментално се згрижени им беа упатени пораки за добро здравје, брзо закрепнување и што поскоро враќање во нивните домови. Посетата беше збогатена со скромни подароци и василични пакетчиња, кои донесоа радост и насмевки на лицата на најмалите пациенти.

Од Детската амбасада упатија голема благодарност до раководителката на Одделот за педијатрија, д-р Габриела Тавчиоска, како и до целиот медицински тим, кој со својата топлина, посветеност и грижа за најмалите и најмилите овозможи оваа празнична средба да помине во духот на хуманост, надеж и човечност.

Слични Објави