|

Донација на Компанијата Комфи Ангел за Гинеколошко-Акушерското Одделение на ЈЗУ Општа Болница – Прилеп

Компанијата Комфи Ангел ДОО Прилеп, позната по својата општествена одговорност, донираше комплет чаршафи и јоргани за потребите на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп. Овие производи ќе се користат во секојдневната грижа за пациентките, кои престојуваат на ова одделение.

Со оваа донација, компанијата Комфи Ангел ја продолжува својата традиција на поддршка на локалните здравствени институции, покажувајќи ангажман за подобрување на условите во болницата и благосостојбата на пациентите. Преку вакви иницијативи, се зајакнува свеста за важноста на социјалната одговорност и директното влијание на здравствената заедница.

Општествената одговорност на компаниите се однесува на доброволното вложување на компаниите во различни активности кои имаат позитивен ефект врз општеството и околината. Оваа одговорност надминува економскиот аспект на бизнисот, поставувајќи акцент на влијанието што компаниите го имаат врз локалната заедница, животната средина и благосостојбата на луѓето. Инвестирање во образовни програми, стипендии, Поддршка за здравствените институции, донации на медицински опрема и ресурси, инвестираат во проекти за заштита на природата, енергетска ефикасност, Поддршка на локалните иницијативи, создавање работни места, како и инвестирање во инфраструктурни проекти, донации за помош при природни катастрофи или поддршка за маргинализираните групи во општеството…

Слични Објави