|

Ново детско ЕКГ за прилепската болница – донација од компании од Холандија и Македонија

Детското одделение при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп доби ново детско ЕКГ, кое е донација во вредност од 2.580 евра.

Донацијата е обезбедена од компаниите „Manderley“ од Холандија, како и „Кули“ и „Карма Бела“ од Македонија, кои средствата ги донирале за подобрување на условите и здравствената грижа за најмладите пациенти.

Како што информираат од болницата, компаниите ја освоиле наградата од „Schijvens“ како најдобри добавувачи, по што одлучиле паричниот износ хумано да го наменат за набавка на детско ЕКГ за потребите на Детското одделение.

Од прилепската болница упатија благодарност за донацијата и поддршката, истакнувајќи дека ваквите хумани гестови значат многу за унапредување на здравствените услуги и условите за лекување на децата.

Слични Објави