707 милиони денари за 65 нови проекти – Битола најуспешна општина на вториот владин повик
Општина Битола обезбеди вкупно 707 милиони денари за реализација на 65 проекти, со што стана лидер по бројот на потпишани договори во рамките на вториот јавен повик од Владата за капитални инвестиции.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги потпиша договорите за проекти во рамките на пет министерства, од кои, најголемиот број се проекти во Министерството за транспорт – 27, во Министерството за животна средина и просторно планирање – 22 проекти, во Министерството за образование и наука – 12 проекти и по два проекти во Министерството за спорт и во Министерството за култура.
Вредноста на потпишаните проекти е во вредност од околу 707.000.000 денари.
Ова е втор значаен финансиски пакет што го добива Битола од Владата. Во првиот повик, објавен во септември 2024 година, Општината обезбеди 16 проекти со вкупна вредност од 230 милиони денари, при што општината обезбеди и 45 милиони денари сопствено кофинансирање.



