Финансирање на општините
Поими за следење на буџетот на општините
- Општински буџетски корисници – служби основани од општината.
- Буџет на општините е годишен план на приходи, одобрени средства (основен буџет, буџетот на дотации, буџетот на донации, буџетот на заеми и буџетот на самофинансирачки активности)
- Основен буџет на општината е план за финансирање на основните надлежности на општината.
- Буџет на самофинансирачки активности е план на приходите од активностите на буџетските корисници.
- Биланс на тековно-оперативни приходи (сите приходи без дотации од буџетот на државата) и расходи (сите расходи и отплати на камати, освен капиталните)
- Биланс на капитални приходи (дотациите од Буџетот на државата и фондовите и сите други приходи за капитални инвестиции) и расходи (капитални инвестиции и капитални трансфери).
- Сопствени извори на приходи – приходи, кои не се префрлени од централниот буџет на државата, туку општината сама ги собира;
- Дотација е давање (трансфер) од Буџетот на државата и буџетите на фондовите на општината.
- Блок-дотација е државно давање на општината за надлежностите на општината.
- Наменска дотација е државно давање, коеслужи за финансирање на конкретна активност.
- Буџетска класификација се бројки (шифри), со кои се обележуваат државните давања за општината, за одма да се знае за што се наменети тие префрлени пари
- Буџетски дефицит е кусок меѓу планираните и остварените приходи (планираш повеќе, остваруваш помалку)
- Буџетски суфицит е вишокот меѓу планираните и остварените приходи (планирташ помалку, остваруваш повеќе)
- Буџетско салдо е разлика помеѓу сите приходи и сите расходи на буџетот;
- Фискална/буџетска транспарентност е отвореност кон јавноста за општинските приходи и расходи, за цело време и во минатото и за идната година, а сите тие ставки во буџетот да бидат претставени јасно, поделени по ставки, по проекти, по програми, по корисници.
- Отчетноста подразбира општината да каже како трошела во детали, за кои програми, за кои цели и што резултати остварила со тие пари.
- Граѓански буџет е прикажување на буџетот на едноставен начин како се трошат / трошеле распределените средства.
- Финансиски план е план на сите приливи и одливи на секој буџетскиот корисник за една буџетска година.
- Квота е сумата која еден буџетски корисник може да го троши во 1 година или во одреден период.
- Обврска е сметката која општината треба да ја плати за нешто што купила или порачала или уште не потрошила и не набавила, но треба во иднина.
- Програма е општинска политика за тоа што треба да се троши за идната година или за неколку години унапред, но воглавно е за 1 година.
- Потпрограма е подетално разработен дел од програмата, каде се пишуваат поконкретно проектите и активностите за идната година.
- Ликвидност значи навремено плаќање на обврските во договорениот рок.
- Долг на општа власт е обврска за плаќање, која настанала затоа што некоја власт (државата) се задолжиле кај некого, а и општината трошела од тие пари.
- Пренамена на буџет е одлука на општината да промени нешто во веќе донесениот буџет, негде да скрати, да додаде, да внесе нов трошок и сл.
ЦЕЛИОТ ДОКУМЕНТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ОПШТИНИТЕ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ